Во „360 степени“ на ТВ Алсат вечерва (23 март 2020 г.) од 22:00 часот:
-вакцина против коронавирусот на пазарот пред есента – достижна ли е оваа оптимистичка најава на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен: ЕК и даде 80 милиони евра на германската компанија „Кјурвак“ да ги зголеми капацитети;
-комбинација од антималарик и антибиотик – делотворна комбинација против ковид-19: протоколи за употреба се подготвуваат и во Македонија – кратко интервју со проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство;
-кризата и самоизолацијата – колку луѓе бараат помош на отворените линии на Клиниката за психијатрија; што е делотворно против анксиозноста;
-истражување: зошто ги нема, а и ако ги најдете се со зголемени цени – маските, средствата за дезинфекција, ракавиците;
-Дебар и Центар Жупа единаесетти ден во кризна состојба – репортажа од внатрешноста на „кризната зона“;
-еден работен ден на пунктот пред Дебар на кој се контролираат влезот и излезот од територијата на која на сила е кризна состојба;
-„Саботажа“.