(ВИДЕО) Митрески: Со нелогични амандмани ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за здравствена заштита

Јас овие амандмани неколку што ги споменав сега се дел од тие што се архивирани, ги имаме како пратеници нормално собраниските служби работат и понатака и за другите амандмани дополнително преку вас ќе ја информираме јавноста, истакна Јован Митрески, координаторот на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

„Но исто така има и многу амандмани поврзани со законите за пензионирање на пример Законот за здравствена заштита каде што исто така е блокиран со ми се чини 500-600 амандмани и собраниските служби работат и на тие амандмани.
Ова е тоа што во моментот се случува во Собранието а за следни амандмани кои што се вакви или слични а претежно 99,9 посто се такви во врска со Деловникот а и во врска со Законот за здравствена заштита каде што на пример се предлага да важи од 1 октомври 2024г. од 29 септември 2024г., 28 септември 2024г.,27 септември….такви се сите 500-600 амандмани поднесени на тие закони и очекувам дека ако продолжат со оваа динамика и кога се блокира Закон за здравствена заштита каде замислете правиме исклучок пензионирањето да не важи за здравствените работници и тој го блокираат. Очекувам дека по истиот терк ќе продолжат и за Закона за работни односи, за административни службеници и за Закон за внатрешниработи бидејќи сите тие се поврзани меѓу себе“, посочи Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e