(ВИДЕО) Медицинските сестри против најавата на Филипче за забрана за нивно иселување во Германија

Најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека ќе направи договор со германското Министерство за здравство, нашите медицински сестри да можат да добиваат само привремени работни дозволи, а не и да може да се иселуваат, предизвика реакции на Здружението на медицински сестри, акушери и техничари.

Тие велат дека секој има право да замине во странство ако му се понудат подобри услови и да остане на неопределено време. Тие истакнуваат дека ако домашните власти не сакаат медицинскиот персонал да се иселува, нека им понудат подобри услови за работа.

Неофицијално, огромен број медицински сестри од јавното здравство во Македонија настојуваат да се иселат во Германија. Во последно време низ земјава, за лица од здравството се организираат и многу бесплатни курсеви за германски јазик.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e