(ВИДЕО) Кои имиња се вртат како идни министри?

Зоран Заев и Али Ахмети лично ќе решаваат околу идниот кабинет на Илинденска број 2, иако од партиите официјално велат  велат дека за да почнат разговори ќе чекаат Заев да го добие мандатот. Партиски извори за тв 24 велат дека контурите на новиот владин кабинет се исцртани.
Очекувањата се тој да биде и официјализиран од крајот на месецот, по можност до почетокот на рамазанските пости на 26 мај, а Заев на партискиот конгресот на 27 да се појави како премиер. Официјално од СДСМ, велат извесен е само мандатарот. за другите имиња нема никакви информации.
Партиски извори од СДСМ брифираат дека Заев планира силна пратеничка група во Собрание затоа што сите реформи ќе поминуваат преку законодавниот дом и ќе му треба стегната и силна пратеничка група, особено по најавите за силна опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ. Така според извори во СДСМ, проценката е во Собрание да останат Стево Пендаровски како потпретседател, но и партискиот врв – Манчевски, Ременски, Кирацовски, Шилегов.
Според информациите она што е извесно е дека собраниското столче, освен Заев, ќе го напушти и Радмила Шеќеринска. Нејзиното име се споменува како вицепремиер за реформи и евроинтеграции, но не би било изненадување ако седне и во одбрана, Оливер Спассвски е изевсно дека ќе се врати во МВР, Рената Дескоска се споменува во правда или во образование и накјверојатно Љупчо Николовски во земјоделство.

Во најблиското опрукужување на Заев ќе се најдат и екс амбасадорот, Никола Димитров како можен министер за надворешни, Драган Тевдовски, како прв финансиер, а се споменува и бизниесменот Кочо Анѓушев како предлог на стопанските комори за вицепремиер за економски прашања. Во СДСМ се слуша и името на Мила Царевска за труд и социјална политика. Во корпусот на Ахмети, позатворени околу можните министри. Велат 2-ца вицепремиери остануваат, а се споменува името на Изет Меџити, иако Меџити игра и за економија. Неофицијално, според партиски изори во Мала Речица остануваат образование, економија, животна средина, ја губат правда, а ги добиваат здравство и култура. Здравство ќе оди на контото на Алијансата за Албанците, а за прв човек се споменува Арбен Таравари. Иако потпретседателката и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи и сама најави можност за останување во Тетово, сепак од ДУИ ја играат за во влада,
Место на Илинденска се очекува и за Артан Груби, Аднан Јашари. Во контурите на новата влада се уште не може да се види БЕСА. Според информации се уште виси нивното учество на Илинденска, а доколку влезат во владата, тогаш ќе добијат од колаачот на Заев. Оттаму велат, одлука се уште нема. Завршувањето на првата фаза од преговорите го чекаат и коалициските партнери на СДСМ, кои се надеваат за дел од колачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e