(Видео) Кога Ванковска и Силјановска беа на страна на заробената држава и го бранеа затворањето на А1 Телевизија

На 25 ноември 2010 година стотици припадници на специјалните полициски сили ја опколија а потоа и насилно влегоа во просториите на А1 тогаш најгледаната привата телевизија.

Опсадата и упадот на А1 се случуваа под изговор дека таму се спроведува акција на инспектори од УЈП кои проверувале други фирми кои биле во истиот објект каде беше и телевизијата, а на кои наводно не им бил дозволен излез од просториите.

Граѓани спонтано се собраа пред објектот на телевизијата со цел да дадат поддршка на новинарите и вработените во медиумот.

Многумина од критичката јавност токму денот на упадот во А1 го сметаат како почеток инсталирање на режимот и заробената држава, формулација што подоцна ќе биде постојано повотрувана од реномирани меѓунардони организации.

Но додека еден дел од јавноста пред А1 се обидуваше да спречи затворање на телевизијата, на конкурентските телевизии се прекина програмата се правеа вонредни емисии каде се образложуваше и коментираше целата ситуација.

Во таквите емисии гостите ја опревдуваа полициската акција велејќи дека така треба да се постапува, дека никоја од државните институции не сака да ја затвори А1, дека целата работа е напумпана, дека никој не смее да биде над законите и слично.

Меѓу главните оправдувачи на упадот во А1 беа и ден денеска познати лица, а од нив, две денеска се кандидатки за претседател на државата, односно Билјана Ванковска и Гордана Силјановска Давкова.

„Не гледам дека нешто драматично се случува“ порача вечерта при упадот во А1 Ванковска додавајќи дека „таа телевизија веќе одамна го има изгубено кредибилитетот“ правејќи оценка на работата на телевизијата.

За разлика од Ванковска која беше присутна во студиото, Гордана Силјановска Давкова во истата емисија се јави телефонски, во неможност да присуствува лично (емисијата се емитува доцна навечер и трае до полноќ н.з.)

Силјановска Давкова порача дека граѓаните не биле спонатно дојдени пред телевизијата туку дека тие биле организирани, а сето тоа неа ја потсетувало на почеток на предизборна кампања.

„Погледнете ги пораките, говорите, изјавите, паноата и ќе заклучите дека како пораката да беше „Предвремени избори сега или никогаш“ кажа тогаш Силјановска која исто како и нејзината колешка Ванковска за време на целото излагање го критикуваше и начинот на кој А1 телевизија известуваше за упадот на полицијата.

Професорки по пижами

Судејќи по ставовите што ги изнесоа околу упадот во А1 се доби впечаток дека Силјановска и Ванковска добиле исти тези кои таа вечер требало да ги комуницираат.

Неколку години подоцна, преку проектот „Вистината за Македонија“ и објавените прислушувани разговори, се потврди дека тие две биле договорени од тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ да го бранат затворањето на А1 телевизија.

Тоа во еден од разговорите го кажува екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во разговор со тогашниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски каде му реагира што проректор на Факултетот за безбедност станала Фросина Ременски од СДСМ.

„Знаеш како се изнервирав, друга имаше уше една жена не знам таа може си е океј ништо не му реков за неа, викам оваа е комуњарка најголема. Ја имам мака со неа, такви пљукања Велија коа беше, вакви такви сме биле. Неколку професорки шо ние ги викавме знаеш од кревет ги станувавме да идат у Канал5, ваму таму… значи сеа жениве замолија им реков ќе видиме, ќе зборам, ќе се консултирам во партија и сеа ништо на луѓево и исполнуваат и услови и се, не сме им возвратиле а оваа што искачаше против нас заедно со Слаѓана Тасева не пљука на секој чекор, ние ја праиме продекан у наше време, мислам ми пукна филм, месец дена у Собрание…“ вели Јанукулоска во една од „бомбите“ на СДСМ.

Оттогаш во јавноста Ванковска и Силјановска станаа познати како „професорки по пижами“. Во меѓувреме и двете станаа сериозно политички активни.

Гордана Силјановска Давкова беше кандидатка за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа стана пратеничка а на овие избори повторно е кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

Ванковска по еден неуспешен обид да собере 10.000 потписи, на овие избори е кандидатка на политичката партија Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e