(ВИДЕО) Диневски: Груевски го нарачал инцидентот во „Шутка“ за да го оправда неговото бегство

Сметам дека овој случај треба внимателно да се истражи. Не би бил толку строг за давање на една оценка пред да се сите елементи, бидејќи со оглед на тоа што тие прошетки се под видео надзор и постои видео снимка, има тука и присутни, било притворени, било службени лица кои што ќе напишат во изјавите што всушност се случило. Значи не е проблем што овие лица биле со други притворени лица од Диво Насеље, бидејќи според моја последна информација, Миле Јанкиески и претходно бил со истите тие лица и немало никаков проблем. Според мене се работи за исцениран инцидент со одредени цели и намери кои што ги сместувам во еден поширок контекст, а тоа е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по активирањето на вториот дел од судскиот процес за настаните од 27 април“, рече во Централниот дневник на 1ТВ Александар Диневски, екс разузнавач и сопственик на ДИА (Детективска информативна агенција), во врска со последните инциденти во истражниот затвор „Шутка“.

Околу интригантноста и добивањето на азил на Груевски во Унгарија и оценката дека состојбата во македонските затвори е лоша, Диневски изјави:

Претходно имаше една нервозна и жестока реакција од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, која што по сите сегменти, по вокабуларот, по интонацијата и по оценките кои што ги изрече излегува од рамките на една нормална политичка борба. Неговата реакција беше директен повик на реакции на отпор токму во моментот кога се активира случајот со 27 април. Очигледно дека таа судска постапка многу погодила некого, пред се неформалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Инцидентите се случиле, според информациите по вина на Јанакиески и Спиро Ристовски. Не издржаа ни 24 часа во притвор и веќе самите предизвикаа инциденти. Е сега тука, кога би барале одговорност од затворот, од управата, можеби постои одговорност во тие две насоки – прво, при распределбата во кои ќелии ќе бидат притворените лица (Јанакиески и Ристовски) и второ, што не го спречија вториот инцидент кога веќе настана првиот инцидент. Лично сметам дека ова е сценарио директно нарачано од Никола Груевски и преку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за предизвикување на еден ваков инцидент, со цел да се оправда неговото бегство во Унгарија.

– Вилма Рускоска веќе најави дека ќе поднесе барање за негова екстрадиција. Унгарија првото барање за политички азил му го прифати за едно релативно лесно дело, но барањето за давање на политички азил за кривично дело терористичко загрозување на  уставниот поредок е многу попроблематично.

Гостин во Централниот дневник беше и новинарот Лирим Дулови кој говореше за кампањата против говорот на омраза и теми поврзани лажните вести. Не изостана и делот каде од новинарска гледна точка се анализираше расположеноста на албанските гласачи каков кандидат за претседател е потребен – кој ќе ги мобилизира сите етнички заедници во Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e