(ВИДЕО) Ангелов за УБ: Не смееме да ја затвориме целата држава, ако можеме да менаџираме на овој начин

Во една непрогласена војна против невидливиот непријател сум предводник на главниот штаб за координација и директор на Центарот за управување со кризи. Во кризна ситуација сум и на дневна основа соработувам со повеќето министри а по потреба со премирот. Не треба да заборавиме дека главен менаџер на ковид кризата во Македонија е премиерот, истакна во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанчо Ангелов.

-И сега ставете се во кожата на Заев кој преговара со Бугарија и се грижи за ковид кризата. Владата треба да има соодветни институции кои ќе покриваат одредени области. Затоа во во 2005 година е донесе Закон за управување со кризи, со кој што е предвиден оовој Центар за управување со кризи кој што ги обединува сите институции поврзани со одредена криза, вели Ангелов.

-На почетокот имаше конфузија, но таа е надмината. Мојот начин на работа е јасен. Почитување и спроведување на законите и правилата. Можам да се пофалам и да ја пофалам владата дека сите надлежности кои ги имаме како институција целосно ги исполнуваме, додава Ангелов.

-Делот кој што е во наша надлежност одлично го покриваме. Во овој момент без разлика на високиот број на заразени е под контрола. Во целиот регион, па и целиот свет има зголемен раст. Не смееме да ја затвориме целата држава, ако можеме да менаџираме на овој начин. Луѓето почнуваат да стануваат поодговорни, но недоволно. И тука имам една идеја – Дали застрашување на луѓето преку кампања да ги видат вистински реалните болни ќе има позитивна или негативна улога во шитрењето на болеста. Како што е и со сликите кај цигарите така да биде и во со болните од ковид-19, вели Ангелов.

Во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство ќе учествуваат вкупно 295 припадници на Армијата.

Ова е дел од стратегијата по прогласувањето на 30-дневната кризна состојба во државата, за што, по предлог на државата, одлука донесе Владата како мерка за борба против ширењето на коронавирусот.

Во овој момент околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти. Припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.

-Војниците се уште не се распределени, но ние немаме потреба од итност. Вчера управувачкиот комитетго потврди планот кој што е како анекс на нашиот акционен план, во кој што е прецизирано за колкава бројка се работи. Побарав од соодветните служби во МВР да направат проценка на објектите кои што треба да се обезбедуваат, и добивме бројка од потребни 443 луѓе. Ова е прецизна бројка, но оставивме простор за промени, вели Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e