„Ќе има војна. Војна ќе има“, напиша на својот Фејсбук профил актерот Владо Јовановски и ја крена јавноста на нозе. Во 24 Отворено рече „Мене куршум не ме бие, не заговарам војна стравувам дека тоа може да се случи“. Дали јавните личности имаат одговорност за она што ќе го кажат јавно.. Дали Македонија ќе се брани од херои или предавници.. Со динамит или со силата на зборот..
Дебатираа актерите Владо Јовановски, Петар Арсовски, Марин Бабиќ, граѓанскиот активист Мариглен Демири, професорката Јасмина Диздаревиќ…