Вечерва во кафе Арт во Штип, младински настан [НА]ГЛАС

Задоволство ни е да ве поканиме на вториот вечерен младински настан [НА]ГЛАС кој ќе се одржи во 19:00 часот на 8 ноември 2016 (вторник) во кафе Арт во Штип.
Тројца млади говорници ќе имаат можност да инспирираат и да говорат за своите животни избори, идеи, права, додека публиката ќе има можност да дискутира во час и половина за своите гледишта и избори.

На темата ќе говорат:
Блажен Малески – граѓански активист
Филип Јовановски – визуелен уметник/активист
Сања Арсовска – актер

Настанот [НА]ГЛАС е дел од младинската кампања „Избери што сакаш“ преку која се промовира важноста на гласачкото право. Како дел од кампањата се организираат и низа вечерни дискусии во Штип, Тетово, Куманово и Велес, на кои ќе се обратат и различни истакнати лица – активисти, правници, политиколози, уметници и новинари.
Тие преку 15-минутни говори ќе споделат дел од своите гледишта и искуства, ќе зборуваат за важноста гласот од различни аспекти, од секојдневното живеење до демократија и владеење на правото.
Оваа кампања, осмислена и водена од млади луѓе, е спој на креатива, музика, филм, офлајн и онлајн дискусии, перформанси посветени на важноста на гласачкото право. Тимот зад кампањата го сочинуваат младински активисти од повеќе градови во Македонија, Младински образовен форум, Млади европски федералисти – Македонија и Фондација отворено општество – Македонија.  –  стои во повикот од организаторот на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e