Вархеји со писмо до Спасовски: Четири милиони евра првична финансиска помош за Северна Македонија поради коронавирусот

Еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, денеска со писмо го информирал техничкиот премиер Оливер Спасовски дека веќе издал инструкции за четири милиони евра од инструментите за ЕУ интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Во итна процедура е ставена постапка за дополнителна финансиска помош, по кризата предизвиката од коронавирусот.

„Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средни компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка. Вo писмото до премиерот Спасовски наведува дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Република Северна Македонија и во регионот“

се вели во владиното соопштение.
Вархеји во писмото навел дека се бара начин како наградата од 50 милиони евра за успешност за државата, да биде пренаменета за ублажување на социјално и економско штети предизвикани од кризата. Владата претходно побара 50-те милиони евра најавени за земјава, поради успешно менаџирање со реформите, а наменети за инфраструктура и животна средина, Европската Комисија да ги пренамени за справување со коронавирусот.

Вчера, евроамбасадорот Самуел Жбогар соопшти дека Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија во борбата против коронавирусот со вкупно 66 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e