Утрово 3,85% излезност на изборите до 9 часот

До 9:30 часот изборите во земјава течат мирно и без неправилности, информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на првата денешна прес конференција.

Како што рече тој, до ДИК пристигнале 12 приговори за заштита на гласачко право, кои во моментот се предмет на разгледување на Комисијата, а пријавени се и помали технички проблеми кои тековно се решаваат.

Вкупен број на гласачи кои гласале до 9 часот, на гласачките места од кои пристигнале податоци до ДИК, е 3,85%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e