Утре нова средба на ад хок телото за медиуми

Привремената комисија за следење на медиумското преставување за изборите ќе се состанува секој ден напладне сѐ додека не најде заедничко решение за петтиот член, кој треба да биде Албанец.

Четворицата членови, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, вчера немаа договор и покрај двете средби.
Од предложените кандидати, во најтесен круг влегле Даут Даути и Сефер Тахири, но за ниту еден од нив, четворицата други колеги не успеале да се договорат.
Членовите велат дека стојат на услуга на политичките фактори ако изнајдат решение за излез од блокадата.Тоа значи дека партиите треба да се договорат за еден од веќе предложените кандидати, или пак да дадат ново име.
На 31 август треба да се одржи лидерска средба на 4-те партии потписнички на договорот од Пржино, за да се утврди дали се исполнети условите за предвремени избори на 11 декември. Формирањето на ад хок тело за следење на медиумите е еден од условите за избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e