И утре ќе се издаваат лични документи на пунктовите во МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека утре (2.8.2024) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамките на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје, ќе работат на издавање готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).

Притоа во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 8 до 16 часот, а во државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 8 до 12 часот, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e