Утре делови од општина Центар ќе останат без вода

Kорисниците во близина на полициската станица Беко во центарот на Скопје утре од 9 часот ќе немаат вода за пиење.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, како причина за прекинот наведоа дефект на водоводна мрежа со пречник од 150 милиметри на улицата „Даме Груев“ бр. 7.

На корисниците од улиците „Даме Груев“, „Димитрие Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ ќе им биде пуштена вода по завршување на интервенцијата од страна на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e