Унгарија по втор пат одби да го екстрадира Груевски

Унгарија повторно нема да го екстрадира поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски ниту за настаните поврзани со 27 април, дознава „А1он“.

Информацијата ја потврдија од Министерството за правда.

„Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал“, велат од Министерството за „А1он“.

Претходно Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување казна затвор за предметот „Тенк“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e