УХРМ: Денеска дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Како што најави УХМР, утре ќе дува засилен до силен северен ветер (на места над 70 километри на час и локално ќе провејува слаб снег. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски минимални температури кои во повеќе места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e