„Труст“: Авировиќ тврди не сум јас, Кочан не одговара на повиците

Нова по прес конференцијата на СЈО го побара Сеад Кочан во неговата фирма „Транс мет“, но оттаму им било одговорено дека ниту еден од директорите во моментот не е во фирмата.

-Го побаравме и второсомничениот, Василије Авировиќ, а тој рече дека не слушнал за случајот „Труст“ на СЈО. Беше категоричен дека сме грешка и дека тој нема никаква врска со истрагата за „Труст“. Ни изјави дека не бил овластен потписник на „Силекс нематели СТ“ ДООЕЛ од Кратово. Бил во таа фирма, но тврдеше дека не знаел ништо за тендерот од 17 милиони евра. Тој сега работи во друга фирма – „Магрони“ во сопственост на семејството на Љубисав Иванов Ѕинго, која стои зад „Добра вода“ и „Ладна“.

Василије Авировиќ е син на Владанка Авировиќ, поранешна пратеничка од Социјалистичката партија на Ѕинго, која беше најагресивниот пратеник кога специјалната обвинителка, Катица Јанева, го презентираше извештајот за работата на СЈО во Собранието.

Текстот во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e