ТРИПУНОВСКИ ГИ КОПИРА И СЕ “КИТИ” СО УСПЕШНИТЕ ПРОЕКТИ НА ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ?

“Малите производители, заради тоа што се најбитни, особено во време на криза, треба секогаш да ја имаат подршката од државата. Тоа мора да биде стратегија на секоја влада, на секој министер од било која структура, тоа мора да биде засекогаш така…” –  со овие зборови министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на 12 ноември 2022г го отвори првиот (линк тука) национален саем за храна и пијалоци “Вкуси јa традицијата”.

Saem1-768x480

Настанот беше во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија, како прв саем со ваков обем, на кој се претставија повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија. На просторот во Градски парк, беа поставени над 200 штандови со производи, а се подготвуваше и вкусна традиционална храна од познати готвачи.

12112022_pvrsm_nacionalen_saem_na_hrana_i_pijalaci_5

314503097_666787611481745_7566878283206507964_n

314722293_666870551473451_3166176255048141510_n

314788735_666883834805456_6718903984254224528_n

314887463_666870374806802_3430752343019384789_n

Nikolovski2-1

Nikolovski3-1

Nikolovski4

Nikolovski-5

314737910_666870414806798_8579360668165596941_n

Минатата година се одржа вториот ( линк тука) саем за храна на кој беа претставени над 400 производители со над 2000 производи. Вино, ракија, ајвар, сирење, кашкавал, и уште многу други македонски производи, можеа да пробаат граѓаните во Градскиот парк, во Скопје, како дел од вториот по ред национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“.

384186610_857626305731207_4696839820163828035_n

384230371_857626335731204_8997448061569159499_n

384233919_857626055731232_3897443635075959844_n

“Денес, сите овие производители, може лесно да се регистрираат со новите политики, и да ги продаваат своите производи, од дома, од праг. Тоа е најголемиот тренд за кој зборуваме, а може и да се види тука. Се има таму, го има нашето минато но и иднината. Е тоа се денеска го имаме овде во срцето на Скопје, распослано на тезгите на малите производители, чувари на традицијата, на локалното, на домашното, на оригиналното “ – ќе потенцира во своето обраќање тогашниот министер Љупчо Николовски.

384101753_857626109064560_1744765304146011159_n

– Нашиот саем ја пишува својата приказна и знам дека ќе прерасне во долгогодишна традиција. И на секое спомнување кај сите нас секогаш ќе буди убави чувства, ќе остане во нашата меморија добрата енергија, шаренилото на бои кои извираат од секоја тегла, мирисите кои мамат од секоја тезга, вкусот на тазе испечена пита, на доброто вино и ракија, на насмеаните лица, нагласи тој.

На вториот саем за храна гостинка на домакинот Николовски, беше министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ.

384191732_857625929064578_4865715885165919104_n

384208440_857626142397890_1729304034652047611_n-750x406

Вчера, 02.11.2024г по трет пат се одржа саемот за храна и пијалоци, но не во Градскиот парк туку во паркот Авионче, во Аеродром.

464786694_1110704767289952_3450406423207437410_n

465272607_1110704797289949_6343104468682101081_n

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, познат по тоа што во секое негово излагање нагласува дека се што е од предходно не чинело, конечно призна дека овој настан е од клучно значење за малите производители.

“Денешната манифестација е доказ дека со соработка помеѓу Министерството, земјоделците, здруженијата може да се достигне до посакувата цел, а тоа е промоција на нашата домашна храна. „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ ќе стане синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството.” – рече тој.

465154734_1110702943956801_4212108467314181052_n

Функционерите од ВМРО-ДПМНЕ се познати по тоа што едно зборат во опозиција, а сосема друго работат кога се на власт. Па така, Трипуновски, со признавањето на овој успешен проект кој се роди како идеја и се реализираше минатите години, не потсети на неговиот шеф, Мицкоски кој се што негираше додека беше во опозиција, истото сега од позиција на власт го претставува како ремек дело и историски успех. Почнувајки од Преспанскиот договор па се до договорите со Бехтел и Енка, итн…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e