Тричковски: Уставниот треба да стравува што ќе реши СЈО, не обратно!

Уставниот треба да стравува што ќе реши СЈО, не обратно!

Сите решиле да се прават будали и да чекаат што ќе реши Уставниот суд за Специјалното јавно обвинителство. Макар што се знае дека тоа што се вика Уставен суд е само едно од многуте гнезда на Злосторничкото здружување на власта.
На некои можеби и не им е тешко да изигруваат будали затоа што во таа улога тие се како натуршчици, немаат потреба да глумат туку само да се изнесат себе на јавната сцена. Но, и тие и овие другите будали имаат некаква полусвест за тоа дека од мафиотското гнездо не може да се испилни гулабот на правдата туку некое гавранче на таканаречениот политички договор меѓу будалите!
Какво и да е решението на ткн УС тоа ќе биде политичко затоа што многу пред тоа решение УС се испразни себе си од правната супстанца и сега за уставните прашања може да решава колку што може и Велосипедскиот сојуз на Македонија или Унијата на женетините на вмро-дпмне.
Тоа пак што сите, вклучувајќи ја и меѓународната заедница се прават будали и очекуваат основната болест во правосудството ( политичкото ропство) да се реши со помош на ропството, е тешко срање, тоа е знак дека се претпочита постојаната адаптација кон нормите на злото наместо решенијата да се бараат во борбата против злото.
Во правна и во секаква друга смисла повеќе би требало таканаречениот Уставен суд да стравува што ќе реши за него Специјалното обвинителство отколку обратно. Јас не знам зошто така не се постапува.
Во минимум правна норма таканаречениот Уставен суд веќе мораше да одговара за учество во уривањето на правниот поредок, за злосторничко здружување и велепредавство!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e