Трета жртва од морбили: Почина 14-месечно бебе

14-месечно бебе од тетовско почина пред неколку часа на скопските клиники, објави Курир.
Детето починало на Детската клиника.

Информацијата за Курир ја потврдија и извори од Министерството за здравство. Детето имало претходни заболувања  и било  невакцинирано. Во моментов 5 месечно бебе заболено од морбили лежи на Клиниката за детски болести и  е во лоша состојба

Ова е третото дете жртва на морбилите.

На Клиниката за детски болести во Скопје претходно почина 13 месечно бебе од Свети Николе,а првата жртва беше 6 месечно бебе кое почина на инфкетивната клиника .

Уште неколку деца се наоѓаат во критична состојба, а бројот на заразени од морбили, расте секој ден.

Здравствените власти постојано апелираат до родителите веднаш да ги вакцинираат своите деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e