(Transparency Internacional) ВО ЦЕЛИОТ РЕГИОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА БЕЛЕЖИ НАЈГОЛЕМ НАПРЕДОК ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА: Скок од 24 места во споредба со 2020г

Денеска, 25.01.2022 (вторник) со почеток во 10:00 часот е закажана прес конференција во Транспаренси Интернешнл – Македонија на која ќе бидат презентирани наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2021 година.

infographic

На прес конференцијата претседателката на Транспаренси Интернешнел Слаѓана Тасева ќе информира за конечниот резултат и за методологијата на основа на која е формиран резултатот за 2021 година.

Во јануари минатата година од страна на Транспаренси Интернешнел беше објавено рангирањето за 2020 година за политиките и активностите против корупцијата и нашата држава беше на 111 место. Токму затоа беше формирана новата функција во владата, вицепремиер за борба против корупцијата.

ljupcho_nikolovski

Резултатите кои се објавени на веб страната на Transparency Internacional а кои треба да ги образложи Тасева, за само една година покажуваат сериозен напредок во борбата со корупцијата, споредбено 2020/2021г.

korupcija

Нашата држава покажала најдобар резултат во борбата со корупцијата во 2021 година од целиот регион. Северна Македонија рипна дури за 24 места на скалата што ја објави Transparency Internacional.

Данска, Финска, Нов Зеланд, Норвешка, Сингапур и Шведска и натаму се земји со најмала перцепција за корупција додека на дното на листата се Авганистан, Северна Кореја, Јемен, Венецуела, Сомалија, Сирија и Судан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e