Трајанов: До петок ќе му биде доделен мандатот на Заев

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов за емисијата „Само вистина“ изјави дека потенцијален мандатор е Зоран Заев и лично тој очекува дека најдоцна до петок да биде доделен мандатот на лидерот на СДСМ и тој да се обиде да формира влада во уставниот рок од 20 дена.

„Процесот доста се усложнува затоа што сите определби беа за брзи избори, бидејќи немаме функционална влада и парламент, за тие да се зафатат со тешките проблеми во здравството и економијата. ДУИ претендира да биде единствен легитимен претставник на сите Албанци, што не е така, бидејќи има и други партии, а притоа да не заборавиме дека голем број Албанци гласаа за коалицијата „Можеме“.

Сметам дека има национализам преку одредени екстремни изјави да се подигне нивото на преговарачкиот процес, да се подигне црвената линија. ДУИ имаше добра кампања за да биде во центар на внимание со флусколата Албанец премиер и тие инсистираат на тоа по секоја цена, што за мене лично е неприфатливо“, смета Трајанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e