„Трагедијата во Кисела Вода е последица на коруптивен систем во кој профитот е поважен од животот“: СДСМ бара итна истрага

Градежната мафија на ВМРО-ОКГ во Скопје е опасна по живот ама никој ништо не и може. Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени, но сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите.

Ова го посочуваат од опозициската СДСМ, и додаваат дека „воопшто не е случаен овој молк, молкот е доказ,дека криминалната власт и нејзините бизнис партнери се подготвени да газат преку се, само да продолжат да се богатат“.

– Трагедијата во Кисела Вода е последица на коруптивен систем во кој профитот е поважен од животот.

До кого доаѓаме? Кој стои зад овој објект? И како е поврзан со Орце Ѓорѓиевски?

Инвеститорот е фирмата „Нар инвестмент“ зад која стои Ивица Коневски, поранешен функционер и градоначалник на на ВМРО-ОКГ. Близок до Орце Ѓорѓиевски, кој беше ангажиран и како адвокат во општината Кисела Вода кога Орце беше градоначалник.

Како е можно Коневски, кој истовремено ја ужива довербата на Општина Кисела Вода како нивен адвокат, истовремено да биде правен застапник на општината и главен инвеститор во нејзината територија?

Ова е класичен пример на конфликт на интереси и институционална корупција која цвета под чадорот на ВМРО-ОКГ – велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ако се пголеднат трансакциите од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски, во 2025 година достигнувале суми од над 70.000 денари.

– Како е можно истите луѓе да бидат дел од системот на општината и истовремено да профитираат од одлуки на општината?

Затворен круг на бизнис и политика. Класична шема на ВМРО-ОКГ. Тендерите и бизнисите одат кај своите. Оваа криминална спрега е опасност за секој граѓанин.

Бараме:

Итна, независна и темелна истрага за целиот случај.

Проверка на сите дозволи, надзори и услови за работа на градилиштето.

Како е дадена дозволата, односно одобрението за градба?

Утврдување на точната улога на Орце Ѓорѓиевски и Ивица Коневски.

Одговорност мора да има – истакнуваат на крајот од соопштението испратено до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e