Тодоров за Мицкоски: Со сите постапки што ги прави, му помага на Заев

-Мицкоски направи многу добар потег кога заедно мене и Мијалков не исклучи од партијата. Тој многу добро знае дека во тој период  јас и Сашо бевме скарани токму заради тоа што јас не мислев дека Мицкоски треба да биде избран за лидер. И тогаш но и сега мислам дека тој немаше доволnо политичко искуство , тежина, стратегија и визија за тоа во кој правец треба да ја води партијата и поради тоа што беше многу близок со кадрите од ВМРО-Народна. Ние имавме сериозна кавга со Сашо тогаш и долго време воопшто не разговаравме. Мицкоски стана претседател и се оствари тоа што јас го претчувствував и знаев дека партијата ќе ја носи во сосема погрешен правец, рече Тодоров во вечерашното гостување на Телма.

Тој посочи дека сега во партијата има две опции. Или Мицкоски или победа на ВМРО.

-Ако Мицкоски остане тоа ќе биде во корист на СДСМ. Со сите постапки што ги прави тој, му помага на Заев, потенцира Тодоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e