Тодоров: Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше поставен токму од Сашо Мијалков

 

-Јас многу добро знам дека Мицкоски беше поставен и протежиран токму од Сашо Мијалков и вчера пробуваат да се перат со некоја изјава дека 15 години имало криминална коалиција помеѓу Мијалков, Заеви и не знам кој. Ако вратите 15 години, тоа значи од 2006г. Значи од 2006г имало ваква коалиција? Тие тоа не го знаеле? Па Мицкоски беше генерален секретар на таа партија и директор на ЕЛЕМ. Тој бил од некаква криминална коалиција? Тоа вчера ни го обзнанија?, потенцира поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров во вечерашното гостување во “Топ тема” на Телма.

-Ја се чудам на правецот на секоја комуникација што го имаат. Наместо да се обратат на неопределените да ги повратат тие гласови што условно кажано сме ги изгубиле…Ние имавме 485.000 гласови, сега сме сведени на 300.000, на следните локални избори може и под таа бројка ВМРО-ДПМНЕ да оди. Тоа се сериозно голема бројка на изгубени гласови, заради правецот на комуникацијата. Или е без став или е контрадикторен став, еден ден едно, друг ден друго или пак е цело време напаѓачки, нахално итн. Не можеш така да привлечеш неопределени, рече Тодоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e