Тодор Петров ја повлече иницијативата за нов референдум за името

Иако две собраниски комиси му го дозволија тоа, Тодор Петров, претседателот на Светскиот македонски конгрес ја повлече иницијативата за собирање на 150.000 потписи за повторување на референдумот за промена на името на Македонија.

Ова го потврди претседателот на собранието, Талат Џафери, кој објави дека Петров се повлекол од намерата да организира дополнителен.

Иницијативата на Петров беше референдумското прашање да гласи , „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?”

Не е познато кој е мотивот за ваквата негова одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e