Тим лекари ќе проверува дали е оправдано лекарското на Горан Грујоски

Докторот кој му даде боледување на Горан Грујовски со кое беше оправдано неговото отуство на последното рочиште за Тврдина два има рок од 5 дена да одговори на прашањата на СЈО, потврди за Телма директорот на градската болница 8 Септември, Сашо Стојчев. Писмото од СЈО го добиле во петокот попладне, а едно од прашањата кое пулмологот треба да го одговори е дали екс началникот на „петтата управа“, е дали со конкретната болест може да оди на судења, вели Стојчев.

Стојчев верува дека колегата пулмолог дал боледување врз основа на медицински инфдикации, а не за да му помогне обвинетиот Грујовски да не присуствува на судењето.

Од СЈО денеска потврдија дека официјално побарале известување и до докторот и до МВР и дека за сега нема повратен одговор. И телма постави прашање за МВР дали Грујовски веќе се вратил на работа и дали додека бил на боледување се појавувал во МВР, но до изготувањето на прилогот не добивме одговор.

Обивинителот Пеливанов од СЈО во петокот изнесе сознанија според кои во периодот додека е на боледување Грујовски доагал во МВР. Доколку се потврдат нивните сомнежинајави дека ќе бараат приведување на обивнетиот.

Од Лекарската комора велат до сега немало ниту една пријава за издавање на лажно боледување. Доколку некој пријави злоупотреби од страна на доктор со боледување комората формира етичка комисија од 3-ца стручни лекари ја испитуваат документацијата врз основа на која е издадено и доколку се утврди дека е лажно на лекарот му се заканува од опомена до времено одземање лициенца за работа.

Нема можност за трајно одземање бидејќи комората ова не го смета за сериозен прекршок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e