ТХП: Иванов изврши типичен пуч во државата

Ѓорге Иванов со одлуката да не го додели мандатот изврши типичен пуч во државата, Иванов кој на „сомнителен начин“ беше избран на оваа функција веќе „повеќекратно го силува“ Уставот, а овојпат и волјата на граѓаните на Република Македонија и овој датум ќе биде запамтен како една црна дамка во историјата на независна Македонија, порачуваат од Партијата за движење на Турците (ТХП).

„Иванов, уште еднаш докажа дека не поседува државнички способности и демократски капацитет. Уште позагрижувачки е тоа што Иванов на свесен начин, само за одбрана на неколку криминогени политичари целата држава и нејзините граѓани ги изложува на сериозен ризик“, велат од партијата.

„Загрижени сме што последните денови фашистичката реторика се` повеќе е присутна, тепани се новинари и се шири ненормална омраза врз етничка, религиска и идеолошка база. Но, очигледно ваквиот развој на настаните воопшто не го интересира Иванов. Скандалозно е што Иванов со ниту еден збор не ги осуди овие деструктивни појави. Тој и понатаму е послушник на политичко мртвиот Груевски и неговата погубна политика“, порачуваат од ТХП.

„Партијата за Движење на Турците ги повикува сите граѓани на трезвеност и воздржаност. Ве уверуваме дека овие се последните залудни чекори на фашистичкиот режим кој веќе ги живее своите последни мигови. Сметаме дека пучистичко-фашистичките идеи одамна се мртви во современиот свет и истите се осудени на пораз и во нашата татковина. Бидете стрпливи, рационални и позитивни. Доаѓа живот за сите во Македонија“, заклучуваат од Партијата за Движење на Турците

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e