Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Ова не е само говор на омраза (член 319 од Кривичниот законик), ниту само загрозување на сигурноста (член 144 од Кривичниот законик), ниту пак само поттикнување на создавање терористичка организација (член 394-а од Кривичниот законик), туку е насилно уривање на уставниот поредок на државата.
Имено, со оваа изјава Груевски повикува на насилно спречување на формирање Влада, повикува на насилна забрана на донесување закон во Собранието и повикува на таков вид безредија кои ќе го проблематизираат постоењето на институцијата Претседател на државата (кој има право на вето на донесувањето на било кој закон) и на институцијата Уставен суд (кој е задолжен да ја цени уставноста на законите).

Може да се каже дека со овој повик Груевски директно го сторил делото опишано во членот 313 од Кривичниот законик – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста:

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

Луѓе, ајде да не си играме играчки, на криминалците местото им е во затвор.

Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e