Тасевска: Ели Панова и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на работниците за навредите

Пратеничката Ели Панова и ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извинат на сите работници во јавната администрацијата за тоа што ги нарекоа „глувци“, побара пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

-Да ги навредувате вработените во администрацијата е навистина срамно. Од опозиција ВМРО-ДПМНЕ покажува што мисли за нив, за работниците, за граѓаните. Нас ни е јасно дека за ВМРО-ДПМНЕ народот е само бројка за гласови, реклама за бројки и ништо друго, рече Тасевска.

Пратеничката додаде дека владата предводена од СДСМ води вистинска грижа за работниците и за сите вработни.

-Во кризна 2022 година оваа Влада ги зголеми платите во сите сектори во општеството. 37 илјади вработени во образованието добија поголеми плати за 15%. 12 илјади вработени во МВР добија поголеми плати за 5%. 3.500 вработени во културата за 30% поголеми плати, во судството за 15% а 20.000 вработени во здравството добија поголеми плати за 5% а претходно 25% процени во време на ковид кризата. Над 4.000 вработени во високото образование имаат поголеми плати за 5% а претходно за 8%, рече Тасевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e