Зголемувањето на доплатата што ја плаќаат пациентите за нови референтни цени на лековите која требаше денеска, сабота, да стапи на сила, вчера од страна на министерот за здравство Арбен Таравари беше поништено.
Ова решение ексминистерот за здравство Никола Тодоров го потпишал на 30 мај, еден ден пред заминување од функцијата.
„Одлучив да преземам конкретни мерки за поништување на ова решение за кое управниот одбор на Фондот за здравство донел одлука на 26 мај годинава, а одлуката е излезена во “Службен весник” на 9 јуни. Донесов одлука за поништување, бидејќи ќе удреше по џебот на пациентите”, рече Таравари на вчерашната прес-конференција.