Талески во „Топ тема“: Дел од лошите последици ќе ги надминеме со влезот во НАТО

Кога ќе заврши ратификацијата на протоколот во Холандија, Шпанија, Исланд и Франција може да се смета дека ние сме следната 30-та полноправна членка на НАТО. Ратификацијата на членството во НАТО ќе заврши со  потпишување  на Вашингтонскиот договор во македонското Собранието. – појасни Дане Талески национален координатор за НАТО вечерва во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Не може да станеме членка на НАТО пред Шпанија да го ратификува протоколот, а знаеме во каква внатрешна состојба е Шпанија. Да се надеваме дека тоа нема да ги закочи реформите. – рече Илија Димовски, шеф на парламентарната делегација во НАТО.

Димовски, како и многу пати досега, потенцираше дека соджината на Преспанскиот договор е со катастрофална содржина, но сепак тој се гордее што, како што рече, неговата  партија е прва која се залагала за влез во НАТО.

Со одлуката од Брисел која е неправедна и нефер нас ни е направена голема неправда и тоа е факт. Дел од лошите последици ќе успееме да ги надминеме со влезот во НАТО. Со НАТО ќе успееме во рамки на регионот да се позиционираме како темел на безбедноста. – рече Талески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e