Талат Џафери денеска во официјална посета на Брисел

На покана на високите претставници на Европската Унија и на Европскиот парламент, претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е во прва официјална посета на Европската Унија, информираат од кабинетот на Џафери.

Според агендата, Џафери ќе се сретне со комесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, со високата претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, како и со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

„На средбите претседателот Џафери уште еднаш ќе ја реафирмира нашата определеност за полноправно членство во Европската Унија, како и улогата на Собранието во тие процеси. Исто така претседателот Џафери ќе ги запознае своите соговорници со состојбите кај нас, со посебен акцент на продолжување на процесот на формирањето на новата влада, како израз на парламентарното мнозинство, кое произлегува од волјата на граѓаните на Република Македонија изразена на парламентарните избори во декември минатата година“, се вели во соопштението.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e