Судот одбил пристап на Европските новинари до Зоран Божиновски

За четири и пол месеци откако е во притвор новинарот Зоран Божиновски, кој штрајкува со глад, ослабел 20 килограми, пишува неговата сестра на социјалните мрежи. Новинарот смета дека неосновано се држи под притвор и преку неговиот адвокат порача дека е спремен да го заврши својот живот во затвор доколку не биде ослободен.
Му носевме по 10 кг книги весници, енциклопедии. Со тоа се храни. Последниве денови не излегува надвор на редовна едночасовна прошетка бидејќи штеди енергија за да издржи повеќе. До сега се нема случено да има било каков обид за негово малтретирање од било кој вид. Се однесуваат со него со почит и внимаваат на неговата безбедност – Билјана Столе Божиновски.
На претставници од Европската федерација за новинари се уште не им се дозволува да го посетат Божиновски. Од Кривичниот суд воопшто не одговориле на нивното барање. Во интервју за порталот НоваТВ, генералниот секретар Рикардо Гутиерез вели дека до сега федерацијата не се сретнала со случај каде новинар е обвинет за шпионажа и уцена.
Европската новинаска федерација го алармирала Советот на европа за сомнителноста на случајот со Божиновски, по што Советот ќе побара објаснување од македонската влада. Гутиерез вели дека обвиненијата против новинарите во Македонија се несериозни и несериозни и неиздржани. Од Федерацијата на нив гледаат како на стратегија да се изврши притисок врз новинарската фела.
Според Здружението на новинари на Македонија процесот против Божиновски е монтиран политички процес чија цел е да се заплашат новинарите. Од новинарското здружение и од европската федерација побараа Божиновски да се ослободи од притвор.
Предметот „Шпион“ во кој е обвинет Божиновски го презеде Специјалното јавно обвинителство. За време на собраниската расправа за отчетот на СЈО, јавната обвинителка Катица Јанева изјави дека смета оти обвинетите во овој предмет треба да бидат ослободени затоа што предолго време се наоѓаат во притвор.

Извор: 24 Вести

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e