Студеното и снежно време продолжува, еве каде има најмногу снег

Врнежите од снег во најголемиот дел од земјава ќе продолжат до крајот на денот, само на југоистокот ќе бидат од дожд. Снежна покривка е формирана на Маврово од 27 сантиметри, 24 Ѓуриште, 19 Лазаропол и Попова Шапка, 15 Тополчани, 14 Пожаране, 12 Претор, девет Битола, осум Берово, пет Штип, четири Тетово и Прилеп и еден во Скопје на Зајчев Рид.

Облачно и студено со врнежи од дожд е во Гевгелија. Краткотрајно, како во Крива Паланка преку денот и доцна попладнево во Битола, повремено се менуваа врнежи од дожд со врнежи од снег. Снег врнеше и на планините и на повисоките места.

Врнежите од снег ќе продолжат и утре на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу 0, а максималната ќе достигне само до 4 степени.

Во вторник и среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во деновите од работната недела ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.

Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот е вовеена забрана за сообраќај на тешки товарни возила патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 10:15 часот поради интензивни врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e