Стоилковски: Сите политичари кои се сопственици, косопственици или пак акционери да го отуѓат својот удел

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во изјава за медиуми истакна дека се додека има политичари кои истовремено се и јавни јавни функционери, постои можност а и перцепција за злоупотреба на позицијата на моќ.

Тој обвини дека забележително е како на одредени компании дел до кланот на власт веднаш им тргна бизнисот.

„Сите политичари кои вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Бараме и очекуваме, Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија суштински да се оттргне и да се отуѓи за почеток од: Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг“, посочи Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e