Стартува бесплатното вакцинирање против сезонски грип

Бесплатно вакцинирање против сезонски грип со кое се опфатени постари лица на возраст над 65 години, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години и хронично болни, почнува утре. Вакцинирањето ќе се одвива во центрите за јавно здравје во две смени, како и во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и во Чаир, каде ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот. Бесплатното вакцинирање против сезонски грип во Центарот за јавно здравје – Скопје ќе се одвива и во сабота од 7 до 14 часот.

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Mylon Abot“, а 1.000 вакцини од „Sanofi“.

Бесплатното вакцинирање против сезонски грип денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со директорите на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока ја посети Поликлиниката Букурешт.

„За оваа сезона набавивме 28.000 вакцини од кои 27.000 се за возрасни, а 1.000 се за деца. Потребно е секој кој е заинтересиран и влегува во една од овие групи да закаже преглед преку системот „МојТермин“ кај матичниот лекар и бесплатното вакцинирање ќе се спроведе во еден од трите пунктови во рамките на Здравствениот дом Скопје, во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петрови и во Чаир. Дополнително на овој број набавени се уште 20.000 вакцини во рамки на центрите за јавно здравје, каде кој било граѓанин може комерцијално да ја купи вакцината и да биде вакциниран“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e