Средба Николовски- Задич: Благодарност за австриската поддршка кон нашата земја во реформскиот процес

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во рамки на официјалната работна посета на Виена, денеска оствари средба со Министерката за правда на Република Австрија, Алма Задич.

– Ја искористив оваа прилика да се заблагодарам за австриската поддршка кон нашата земја во реформскиот процес, особено за значајниот придонес кон реформите поврзани во областа на владеењето на правото.
Ја информирав Министерката Задич околу последните исчекори на нашата Влада кон заложбата за борбата против корупцијата, но и непоколебливоста кон ЕУ интеграциите и усвојувањето на Националната програма за усвојување на европското acquies 2021-2025, порача Николовски потенцирајќи дека соработка со Австрија ќе продолжи и во претстојниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e