Средба на Спасовски со претставници на Македонскиот полициски синдикат

Можните предизвици и насоки во делот за подобрување на условите за работа на полициските службеници, беа во фокусот на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со претставници на Македонскиот полициски синдикат предводени од претседателот, Марјан Кицев.

Спасовски потенцирал дека МВР го завршило својот дел од обврските во врска со отпочнувањето градба на новиот центар за странци во Стенковец, објект од особено значење со кој Република Северна Македонија ќе ги обезбеди стандардите на ЕУ околу третманот на лицата странци до нивното формално регулирање на статусот во државата.

Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски ги информирал претставниците на Македонскиот полициски синдикат дека досега се реновирани над 50 објекти во МВР, а во моментот се работи на СВР Куманово, Ресен и Ростуше и оти оваа динамика ќе продолжи и понатаму се со цел подобрување на условите за работа на вработените.

– На средбата меѓу другото министерот Спасовски информираше дека многу скоро ќе се започне со испорака на новите униформи за полициските службеници, се наведува во соопштението од МВР.

Од Македонскиот полициски синдикат изразиле благодарност до министерот Спасовски за досегашната поддршка и посветеност во реализацијата на голем дел успешно завршени проекти, како и за заложбите на министерот за значително подобрените услови за работа на полицијата и полициските службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e