Сподели возило и намали ги трошоците!

Денеска во Салата на Советот на Град Скопје се одржа презентацијата на меѓународниот проект „Сподели возило“, односно SocialCar, во кој учествува Градот Скопје, а чија цел е да се развие јавната свест за заедничко патување низ градот заради намалување на загадувањето на средината и намалување на трошоците.

Василен Изјотов, координатор на проектот, на денешната презентација ги објасни можностите за имплементација на проектот за споделување возило, како и примерите на SocialCar сервисните модели од другите тест градови.

Проектот „Сподели возило“ има почетна цел да го истражи јавното мислење за превоз со заедничко возило. Прашањата што ќе им бидат поставени на граѓаните се: дали го споделувате своето возило со пријателите или со колегите, дали би учествувале во организирана мрежа за споделување возило и што би ве мотивирало да делите возило со други патници? Потоа, треба да се подготви софтвер-апликација за граѓаните лесно, едноставно и во реално време да добиваат информација за оној што споделува возило и за понатамошното вклопување во системот на јавниот превоз.

“Европскиот проект SocialCar е финансиран од Програмата за истражување и иновација на Европската Комисија – Хоризонт 2020, па сакам да се заблагодарам на Европската комисија, односно на Извршната агенција за Иновации и вмрежување за грантот за овој проект. Проектот „Сподели возило” е начин за транспорт од една до друга локација преку споделување на нашето возило со нашиот сосед, нашиот колега, луѓето од истата населба, односно организирано заедничко патување во иста насока и време. Со овој проект сите може да дадеме придонес за заштита на животната средина, намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж во нашиот град. Проектот SocialCar е промоција на интелигентен транспортен систем, врз основа на иновативен пристап во управувањето со побарувачката за превоз, а особено во однос на услугата сподели возило во урбаните и пери-урбаните средини”, изјави на пресконференцијата градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e