Спасовски: Стојановска резервирала соби во хотел во Шпанија и подигала пари во име на нејзиниот сопруг

Во период од јули до декември во координациа со Јавен обвинител од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал презеле активности за македонски државјани. Тие оствариле низа средби во Скопје и Мадрид, со цел лишување од слобода на лицата од Северна Македонија, Шпанија, Колумбија и други лица, рече министерот Оливер Спасовски кој на прес конференција го објаснуваше случајот во кој е лишена од слобода актерката Силвија Стојановска.

„Пренеле вкупно 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија. За транспорт на кокаинот од Колумбија во Шпанија му биле дадени 850 илјади евра на лице кое се претставувало како капетан на брод. Целата акција беше координирана од штаб во Скопје и Мадрид. Лидер на групата бил В.Б. кој имал забрана за движење во земјите од ЕУ, па затоа тоа го правел преку неговиот брат. Пријавената С.С. по инструкции на нејзиниот сопруг В.Б. направила резервација на соба на име на неговиот брат, В.Б. и го платила со сопствена кредитна картичка. Исто така, таа отишла во Мадрид во октомври месец преку Софија за да во име на нејзиниот сопруг, од еден шпански држајанин подигне износ од 10 илјади евра“, рече Спасовски.

Според министерот, на денот на преземањето на кокаинот, во симултана операција, било реализирано лишување од слобода на лидерот на групата, веднаш по лушувањето од слобода на неговиот брат. Комуницирале, како што кажа Спасовски се одвивале лично или преку интернет со висока заштита.

Голем дел од кокаинот бил наменет за земјите од Западниот Балкан. Во врска со мерките за обезбедување присуство, од МВР истакнаа дека не секогаш се дава притвор, но и дека и куќниот притворот е таква мерка. Сопругот на Стојановска е во притвор затоа што и претходно бил осудуван за истото кривично дело но бил и невработен, а глумицата освен што не била осудувана, има и постојано работно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e