Изјава за медиуми,
Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи
Почитувани граѓани,
Од денеска ние министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ сме очите на вас граѓаните внатре во Владата!
На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори!
Во Македонија ќе има само регуларни избори и никакви поинакви!
Затоа сме дел од техничката влада.
Ви ветивме и го исполнивме ветувањето – ја вративме техничката Влада што мора да организира и спроведе регуларни избори на 11 декември.
Порачуваме, ќе го пресретнеме секој обид за какви било предизборни или изборни нерегуларности. Корупција на гласачи, притисоци, криминал – заврши во РМ!