Спасовски: Голем дел од „Планот за живот“ е реализиран во предвидените рокови

Законите предвидуваат во техничката влада да има министри за внатрешни работи и труд и социјална политика да предложи опозицијата. Јас сум насочен кон реализацијата на проектите, кој ќе биде технички премиер е одлука на претседателот Зоран Заев, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

„Изборите врз основа на политичките субјекти се договорени за 12 април, со тоа што една од клучните точки беше да се влезе во НАТО. Очекуваме дека ќе се заврши тоа и на крајот да се ратификува во Собранието на Република Северна Македонија. За одложување треба субјектите да одлучат, сега го имаме 12 април, но клучно е влегувањето во НАТО. Ако дојдеме до ситуација дека треба да се одложат, ќе седнат субјектите на маса. Важно е да тргнуваме од интересите на државата, не од интересите на партиите“, рече Спасовски.

Тој додаде дека многу аспекти од секојдневнието се поврзани со изборите.

“Планот за живот беше сериозен план кој го насочивме во изборна програма и токму таа програма е дел од програмата на владата и многу проекти се реализирани во роковите и пред роковите. Ние до крајот на ноември имаме 2 години и шест месеци, а во тој период имаме три изборни циклуси. Ефективната работа е не повеќе од година и 6 месеци“, вели Спасовски.

Според министерот, има нешто што е труло во системот на правосудството, тоа е нешто што секој од нас треба да го земе предвид.

„Мотото нема правда нема мир, тоа е мото кое го очекуваат граѓаните. Неколку пати објаснувам, треба да се знаат факти за истрагите. Факт е дека целокупната истрага ја води Јавното обвинителство. МВР постапува по насоки од Јавното обвинителство. За секој предмет ние мораме да го доставиме до ЈО“, истакна Спасовски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e