Спасовски: Да создадеме модерна и ефикасна полиција која ќе биде партнер на граѓаните

Изјава за медиуми
Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ2
Скопје, 09.11.2016

Општината Ѓорче Петров како и другите општини од градот Скопје од Изборната единица Два навистина се соочува со многу безбедносни предизвици. Многу урбани средини во Македонија и во Скопје ги делат истите проблеми со кои што се соочуваат и граѓаните на општина Ѓорче Петров. Честопати стравуваат за сопствената и безбедноста на своите деца, стравуваат за безбедноста за имотот и живеалиштата и затоа проомовираме мерка од Планот за живот во Македонија. Тоа е воведување на Маалски полицаец, или позорникар, пријател на граѓаните, човек кој ќе ги знае сите проблеми, ќе ги знае сите безбедносни ризици во регионот од кој што доаѓа.

Тоа е човек во кој ќе можат да веруваат граѓаните кои живеат во неговиот реон, на кој ќе можат да му се обратат и за добро и за лошо, да побараат помош, затоа што премногу е важно граѓаните да се чувствуваат безбедно. Кога граѓаните ќе се чувствуваат безбедно тие ќе бидат помотивирани за сопствената работа, да придонесат за промоција и за подобрување на условите за живот во сопствената општина. Сето тоа ќе создаде дополнителна безбедност за нашите деца да одат и да се враќаат слободно од училиштата. Тинејџерите ќе можат безбедно да се враќаат дома без притоа да се грижат нивните родители.

Нашата цел е да создадеме модерна и ефикасна полиција која ќе ги решава проблемите на граѓаните, која ќе биде партнер на граѓаните, полиција во која граѓаните ќе веруваат со што ќе се создадат претпоставки за вистинска безбедност на државата.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e