Спасовски: 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и профитираше на несреќата на стечајците, ние за само две и пол години го решивме овој проблем

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Охрид се осврна на трајното решавање на проблемот со стечајните работници за само 2 години од преземањето на одговороноста од страна на СДСМ.

-Ветивме дека ќе го решиме проблемот со стечајците и денес речиси 12.000 стечајци добиваат месечен надомест. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и профитираше на нивната несреќа, ние за само две и пол години го решивме овој проблем и денес веќе нема стечаен работник кој не е обештетен, рече Спасовски.

Свои обраќања пред граѓаните на Охрид и партиските симпатизери во Центарот за култура „Григор Прличев“ имаа и потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска и градоначалникот Константин Георгиески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e