Советник од кабинетот на Чулев е позитивен на Ковид-19

Ја информирам јавноста дека еден советник од мојот кабинет е позитивен на Covid 19, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место.

Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на Министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.

Ве информирам дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството.

Му посакувам добро здравје и побрзо оздравување“, истакна Чулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e