Сотировски за УБ: Голем број заразени се последица на верски празнувања

Точно е дека голем број од заразените веројатно се последица на социјалните контакти при верските празнувања. Тоа прашање треба стручна екипа од здравствениот сектор да го каже. Епидемиолозите се единствени повикани да утврдат дали има причинско-последична врска на верските празнувања и собири, но по се изгледа дека тоа е така.

Верските заедници, не во целост го сообразија своето делување со потребите од колективната здравствена заштита. Тие излегоа во пресрет на граѓаните со одредени чекори кои треба да се поздрават, но сметам дека требаше да се покаже едно посериозно ниво на сериозност изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.

Некаде луѓето не се разбираат со збор и затоа е потребна одговорност за прекршувње на мерките.

-Државата се има определено да има партнерски однос со верските субјекти, а не репресивен како што било во комунизмот. Ова поставување на државата треба да се разбере како потреба во декоратски заедници. Тука треба да се препознае и зголемената и споделена одговорност од верските субјекти.

Ние не правиме ништо помалку од државите во Европа. Уште пред да почне пандемијата ние сме во постојан контакт со верските субјекти. некаде наидуваме на разбирање, но некаде луѓето не се разбираат со збор и треба да има одговорност онаму каде што има прекршување на тие мерки, додаде Сотировски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e