Сообраќајната несреќа кај Ласкарци ја ,,зеде“ и 15-тата жртва

Згасна животот на уште еден патник од страотната сообраќајна несреќа во Ласкарци. 39-годишен маж утрово им подлегна на повредите на Ургентниот центар.
Поради критичната здравствена состојба, пациентот веднаш бил пренесен на Клинички. Имал тешки повреди на градниот кош и крварење од белите дробови.

Критична е состојбата на уште пет пациенти во болницата „8 Септември“. Тие се на интензивна нега и се под 24 часовен надзор. Момче на возраст од 15 години и 40-годишен маж се приклучени на апарати за дишење. Во болницата се сместени уште 14 лица кои се со полесни телесни повреди.

Моментално на КАРИЛ под постојана обзервација се три пациенти поради животозагрозувачка состојба. Меѓу нив е и 20-годишната девојка на која вчера и беа направени две операции поради нагмечувања и скршеници на нозете. Министерот Филипче вели дека сите доктори вложуваат натчовечки напори за да се спасат животите на најкритичните.

Мажот кој утринава почина е 15-тата жртва од автобусот кој пред три дена се преврте на автопатот Скопје – Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e