Собранието ќе се конституира за 20 дена, инаугурацијата на Силјановска Давкова в недела

Откако завршија изборите, течат роковите за приговори од учесниците, по што Државната изборна комисија ќе излезе со конечните резултати и распределбата на мандатите.

Според Уставот новоизбраниот собраниски состав се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.

Актуелниот спикер Јован Митрески ќе закаже седница за во недела, 12 мај, кога ќе биде и инаугурацијата на новиот претседател на државата а тоа ќе биде Гордана Силјановска Давкова.

Давкова како претседател на државата ќе го додели и мандатот до мандатарот кој ќе има рок од 40 дена да состави Влада која во Собранието мора да има поддршка од најмалку 61 пратеник за да биде изгласана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e