Со 153 гласа „ЗА“ ратификуван Преспанскиот договор во грчкиот парламент

Со 153 гласа „ЗА“ помина Преспанскиот договор во грчкиот парламент.

Грчкиот парламент со 153 гласа „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа, со кој се ставa крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Грција и Македонија и кој, меѓу другото, предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија. Со ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент се отвора вратата за наше членство во НАТО.

По речиси 40 часа дебата и говори на 200 пратеници, политички лидери, известувачи и специјални говорници во грчкиот парламент, спикерот Никос Вуцис околу 14 часот премина на поединечно гласање за ратификација на Договорот од Преспа.

Од 300 пратеници, „за“ гласаа 145 пратеници од Сириза и уште 8-мина пратеници од пет други партии. „Против“ беа пратениците од Нова Демократија, Златна Зора, Комунистичката партија, АНЕЛ, КИНАЛ и неколку независни пратеници.

Извор: СДК

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e